Земјоделските задруги ќе придонесат за квалитетно земјоделство, смета заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, кој на оваа тема говореше на трибина во Кривогаштани. Преку Законот за земјоделски задруги го окрупнување земјоделството. Доколку си голем играч, сите ќе сакаат да направат договор со тебе, а ако си мал земјоделец, за малку пари ќе сакаат да ти го земат произведеното. Затоа, наша порака како Министерството за земјоделство е да се здружат земјоделците. Како Министерство за земјоделство, ги покриваме сите трошоци во старт за формирање на една земјоделска задруга. Таа ќе има еден менаџер, раководител кој 5 години ќе зема плата преку програма од нашето Министерство. Првата година 100 насто, втората година 80 насто, третата - 60 проценти, четвртата 40, а петата година 20 отсто од платата. Доколку земјоделците се дел од Задругата, ќе добиваат субвенции во висина од 7,5 односно 15 проценти во зависност колкава е задругата.
Земјоделските задруги ќе придонесат за квалитетно земјоделство, смета заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, кој на оваа тема говореше на трибина во Кривогаштани.
„Преку Законот за земјоделски задруги го окрупнување земјоделството. Доколку си голем играч, сите ќе сакаат да направат договор со тебе, а ако си мал земјоделец, за малку пари ќе сакаат да ти го земат произведеното. Затоа, наша порака како Министерството за земјоделство е да се здружат земјоделците", изјавил Коњаноски, додавајќи дека државата дава големи бенефити за функционирањето на задругите.
„Како Министерство за земјоделство, ги покриваме сите трошоци во старт за формирање на една земјоделска задруга. Таа ќе има еден менаџер, раководител кој 5 години ќе зема плата преку програма од нашето Министерство. Првата година 100 насто, втората година 80 насто, третата - 60 проценти, четвртата 40, а петата година 20 отсто од платата. Доколку земјоделците се дел од Задругата, ќе добиваат субвенции во висина од 7,5 односно 15 проценти во зависност колкава е задругата. Освен тоа, Министерството ќе субвенционира со 20 отсто и во надоместокот за водарина и со 70 отсто при осигурувањето на родот. За набавка на механизација за задругата, државата ќе покрие 90 отсто од трошоците" објаснил Коњановски.
Според Коњановски проектот ќе трае 6 до 7 години, во јавната расправа за законот биле вклучени факултетите и земјоделците.